конструирај специјално возило

За изработка на оваа задача потребни се три парчиња од подебел картон (т.н сива лепенка со дебелина од 1мм), и тоа oснова, елемент бр. 1, 150×70мм, елемент бр. 2, 70×70мм, елемент број 3, 40×40мм и картон од остаток, кој ќе го користш за зацврстување на столбот на кранот, види слика подолу.

Пример 1
Пример 2

Колку успешен ќе биде овој модел ќе зависи најмногу од точно изработените три картонски елементи.

 А сега неколку фази на работа, следи ги прикажаните слики и постапки за работа.

Чекор 1. Најпрво исечи ги картонски елементи, основата 1, со дименззија 150 x 70mm, елементот 2, со димензии 70×70 и елементот 3 со димензии 40×40. Обележи ги сите линии, димензии отвори и други ознаки како на сликата 2.

Потоа со шестар направи кружница со радиус 35мм од едната страна на елементите 1 и 2. На обележаното место, направи отвори со боцкалката и прошири ги за да може да помине завртката со која ќе ги за поврзеш елементите 1 и 2.(види слика 2)

Чекор 2. Истите постапки направи ги на картонот 2, а потоа поврзи ги со завртка и навртка. Што воочи, дали кабината се врти полукружно лево и десно.

Чекор 3. Изработи ја кабината на возилото, според отпечатената мрежа од лесен картон, подготви се за нов час за изработка на кран дигалка.

 

Слика 3 со поглед од горе

Чекор 4. Елементот 4 (спецификација 2) од картонот, исечи го според димензии 40×40мм.

Состави го елементот за подигнување на товар според дадените слики, димензии и упатства.

Неколку важни насоки што ќе ти помогнат точно да ја направиш и оваа фаза од овој модел:

  • При поврзување на елементот 1 и 2 користи завртка и навртка, а за 1 и 3 користи боцкалка. Боцни по обележаната средишна линија, избери места сам според своја замисла.
  • При поврзување на раката и стилбот на кранот користи боцкалка. погледни слика.